27.11.2010
Информативно-Забавна Македонска вечер
Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија (ЗМД) ја организираше првата информативна вечер.

На првата информативно-забавна вечер пред поситителите беше представен “Проектот 2011“.
Исто така, на Г-от Коцев Богдан, претседател на Македонската црковна општина «Св. Наум Охридски» во Триенген, му беше доделена Благодарница за несебичното залагање во изградбата на црквата како и за неговиот допринос во Македонското движење во Швајцарија.
Вечерта ја развеселија добро познатата музичка група «АКОРДИ» со Благој Стојанов - Џиџи, а посетителите имаа можност да ја вкусат Македонската скара и уживаат во Македонските вина.
Ново раководство
Избрано ново раководство на
«Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија»

Никола Мицев, Заменик претседател - 079 768 66 10,
Атанас Ѓорѓиев, Благајник - 076 215 84 53
Живко Атанасов, Претседател - 078 691 05 23
Гордан Ристовски, Секретар - ristovski@hotmail.ch
Проект 2011

«Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија» како дел од своите активности го спроведува “Проектот 2011“ со цел да се представат и добијат можност за директен контакт на Македонските и швајцарските фирми, како и општини. Исто така секој Македонец во Швајцарија има можност да ја објави својата адреса и телефонски број во именикот на Македонци во Швајцарија.
Сите заинтересирани можат да пријават адреса и понудат свои услиги и производи, со формуларот кој е достапен како download или контактирајте не директно. |