ZMDbaner
d1 d1 d1
Добродојдовте на Страната на ЗМД
МKDEFRITEN

 

Документи:
(Downloads)

» инфо 001

» повик

» пристапница

Проект 2011

» Формулар за инсерат

» Инфо за координатор

» Пријава за координатор

 

27.11.2010

Информативно-Забавна Македонска вечер

Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија (ЗМД) ја организираше првата информативна вечер.

Bogdan

На првата информативно-забавна вечер пред поситителите беше представен “Проектот 2011“.
Исто така, на Г-от Коцев Богдан, претседател на Македонската црковна општина «Св. Наум Охридски» во Триенген, му беше доделена Благодарница за несебичното залагање во изградбата на црквата како и за неговиот допринос во Македонското движење во Швајцарија.

Вечерта ја развеселија добро познатата музичка група «АКОРДИ» со Благој Стојанов - Џиџи, а посетителите имаа можност да ја вкусат Македонската скара и уживаат во Македонските вина.


 

Ново раководство

Избрано ново раководство на
«Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија»

Управа

Никола Мицев, Заменик претседател - 079 768 66 10,
Атанас Ѓорѓиев, Благајник - 076 215 84 53
Живко Атанасов, Претседател - 078 691 05 23
Гордан Ристовски, Секретар - ristovski@hotmail.ch


Проект 2011

«Заедницата на Македонските друштва во Швајцарија» како дел од своите активности го спроведува “Проектот 2011“ со цел да се представат и добијат можност за директен контакт на Македонските и швајцарските фирми, како и општини. Исто така секој Македонец во Швајцарија има можност да ја објави својата адреса и телефонски број во именикот на Македонци во Швајцарија.

Сите заинтересирани можат да пријават адреса и понудат свои услиги и производи, со формуларот кој е достапен како download или контактирајте не директно.

 


Делегација на ЗМД во Берлин

На повикот на Обединети Македонци (Европа) за мирни демонстрации во Берлин, Германија, делегација на ЗМД се одзва и присуштвуваше на манифестацијата со која се искажа незадоволството на Македонскиот народ зарди непризнавањето на уставното име на Република Македонија од страна на меѓународната заедница.


6-ти «Ориентален и фламенко фестивал»

Gypsy festval

И оваа година во организација на Кристијан Фоч и групата «САСА» се одржува фестивал на циганската музика.
Како главни гости се Есма Реџепова со октетот.
Карти можат да се набават на официјалните продажни места (ќе ги најдете на интернет страната на фестивалот) или како специјална понуда за Македонските друштва преку Кристијан Фоч:

» За Македонските друштва кои ќе купат десет карти добиваат една карта бесплатно !!!

За оваа понуда испратете: Име, Презиме, број на карти, категорија на картите и вашиот Е-Маил директно на Г-динот Кристијан Фоч (christian@ssassa.ch)

инфо

» http://www.gypsyfestival.ch/

» http://www.ssassa.ch/


Почитувани !

Ве известуваме дека штотуку започна запишувањето во новата учебна година во «учи Македонски - online»

uci Makedonski

инфо »»»


Za korisnicite na «Mozilla Firefox»
koi imaat problemi so citanje na
stranicite na ZMD probajte ovde:
http://www.makedonium.eu/zmd/

 

Името на мојата земја е република М А К Е Д О Н И Ј А
и ќе биде Република Македонија!

МПЦ-Свети Наум Охридски Швајцарија

KiM

uciMakedonski-online

Македонско Германски Речник

Александар

Ohrid

Makedonija

 

Pelagon

 

 

 

© ZMD 2004-2010